Косово: Непотребна е улогата на УНМИК
Министерството за надворешни работи на Косово оцени дека е непотребна улогата на цивилната мисија на Обединети нации (УНМИК) и покрена иницијатива за намалување на бројноста, а подоцна за укинување на УНМИК.
- УНМИК се претвори во инструмент на Србија и на Русија, а некои нејзини претставници, посебно во северниот дел на Косово, ја користат за други цели, поради што е загрижена косовската Влада, оценува косовското Министерство.
Во соопштението исто така се додава дека мандатот на ЕУЛЕКС е даден од косовскиот Парламент, КФОР се грижи за безбедноста, а УНМИК е непотребна.
УНМИК годинава побара зголемување на буџетот за осум отсто, но дел од земјите членки на Советот за безбедност на Обединети нации побараа намалување на буџетот и укинување на мисијата.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик