Косово: Од 1 ноември регистрирани 733 возила на таблички на РКС
Од 1 ноември до денеска 733 автомобили од северот на Косово со регистарски таблички кои Приштина ги смета за „нелегални“ се пререгистрирани на таблички на РКС, соопшти косовската полиција.
Заменик-директорот на колсовската полиција на пеќскиот регион Ветон Ељшани изјави дека до денеска напладне се пререгистрирани 88 возила со косовски регистарски таблички.
Претходно, МУП на Косово оцени дека масовната регистрација на возила на северот на Косово се случила „затоа што веќе нема моќни криминалци“.
„Можеби изгледа незамисливо од перспектива од пред една година, но денес има полицајци кои работат во четири северни општини кои се во служба на редот и законот и борбата против шверцот, криминалните и терористичките групи“, изјави пред неколку дена министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља.
Можноста за пререгистрација на возила со српски регистарски таблички со акроними на градовите во Косово на таблички РКС важи до 1 декември годинава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување