Косово продолжува да ги олеснува анти-ковид мерките
Владата на Косово денеска донесе одлука за олеснување на мерките кои досега беа во сила за бора против епидемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.
Министерот за здравство, Рифат Љатифи рече дека новите предложени мерки служат за држење под контрола на епидемиолошката ситуација.
Дневните случаи на заболени од Ковид-19 значително опаднаа последните месеци во Косово. Така на пример, според Министереството за здравство, од речиси 800 тестирани во последните 24 часа, позитивни на коронавирусот резултирале 21 лице, а слични резултати, меѓу дво и три отсто новозаболени од вкупниот број на тестирани, кој се движи меѓу 800 и илјада дневно, се бележат веќе подолго време.
Бројот на активни случаи со Ковид-19 во Косово, според последните официјални податоци, изнесува 440.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
