Косово се надева на признавање од Грција

Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово (МНРД), Доника Грвала примила покана од Грција официјално да ја посети таа земја, потврдија за Радио Слободна Европа (РСЕ) од МНРД во Приштина.
Изворите на РСЕ велат дека Грвала со задоволство ќе одговори на поканата, но засега не можат да кажат кога посетата во Атина ќе се реализира.
Грција е една од петте земји членки на Европската унија кои се уште не го признале Косово, меѓутоа таа држава има своја Канцеларија за врски во Приштина. Покрај Грција, косовската независност се уште не ја признале ниту членките на ЕУ Словачка, Кипар, Романија и Шпанија.
Според РСЕ поканата до Грвала да ја посети Атина е упатена преку шефицата на грчката Канцеларија во Косово, Крисула Алифери, на средбата што на 15 април ја имала со косовскиот премиер Албин Курти.
На средбата Курти побарал од Алифери Грција да се приклучи на државите кои ја признале независноста на Косово, но според ставот на официјална Атина, објавен на веб-страницата на Канцеларијата за врски во Приштина, прашањето на признавање зависи од резултатот на дијалогот меѓу Косово и Србија.
Од косовското МНР велат дека офцијална Приштина и Атина веќе имаат добри билатерални односи и додаваат дека „Косово е мошне заинтересирано за продлабочување на меѓуинституционалната соработка со Грција“.
– Косово е посветено на јакнењето на оваа соработка во иднина, а со цел тоа да резултира со признавање од Грција, како значајна земја за нас во ЕУ и во регионот – велат од Министерството, додавајќи дека „Косово е оптимистичко по тоа прашање, имајќи го предвид зацврстувањето на односите меѓу двете земји.
РСЕ наведува дека упатило допис до грчката Канцеларија за врски во Приштина со прашање дали официјална Атина го променила својот став кога е во прашање статусот на Косово, но до објавувањето на прилогот не стасал одговор.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, вчера косовскиот премиер Курти побара и од шефот на канцеларијата за врски на Словачка во Косово, Радислав Костилник, неговата земја да се приклучи на групата од 20 членки на ЕУ кои ја признаваат косовската независност.
Според соопштението од владината служба за информирање, Курти на средбата со Костилник го нагласил фактот дека Словачка како членка на НАТО и ЕУ може да го помогне Косово за зачленување во Северноатлантската алијанса и воедно побарал поддршка за зачленување во меѓународни организации.
Независноста на Косово досега ја признале 117 земји, а последното признавање стаса од Израел на почетокот на февруари годинава. Воспоставувањето дипломатски односи на Косово и Израел се случи по одлуката за признавање која е утврдена со Вашингтонскиот договор за нормализација на економските односи меѓу Приштина и Белград, потпишан на 4 септември 2020 година во Белата куќа со посредство на тогашниот претседател на САД, Донлд Трамп.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
-

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
-

Папата: Не молчете пред светските конфликти
