Косовската полиција потврди дека е убиен еден од групата што уби полицаец во северно Косово
Косовската полиција потврди дека е убиен еден од членовите на групата кои ја нападнаа косовската полиција на северот на земјата, каде што денеска загина еден полицаец, а друг беше повреден, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во последното соопштение на косовската полиција се наведува дека ситуацијата на северот од државата, поточно во атарот на селото Бањска, каде што се случи убиството рано утрово, останува тензична и често со размена на оган меѓу терористичката група и косовската полиција.
Според косовското МВР, криминалните групи од време на време со огнено оружје напаѓаат полициски единици на терен, кои „и покрај нападите врз нив, продолжуваат со посветеноста за создавање безбедносен периметар, во интерес на смирување на ситуацијата, обезбедување безбедност и владеење на редот и правото во Косово“.
-Професионалните напаѓачи во значителен број, маскирани и униформирани со различни униформи, вооружени со тешко оружје, гранати, борбени средства (зољи), неколку оклопни возила, користат различни простори и објекти, вклучително и приватни во и околу манастирот во Бањска, за да вршат движења, засолнувања и позиционирања за напади со огнено оружје врз полициските единици на КП, информира полицијата преку соопштение до медиумите.
Во „самоодбрана и при заштита на граѓаните“, велат од полицијата, еден од напаѓачите е убиен.
-Полициските единици усогласени со ситуацијата и опасноста што ја покажуваат спорадичните напади на криминални групи, во самоодбрана на себе и на граѓаните од тоа подрачје, беа принудени да одговорат на криминалните групи, каде според досегашните информации, еден од напаѓачите е убиен“, продолжи тој.полиција.
Ново на Сител
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство