Косовската полиција тврди дека спречила терористички напад
Косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свечља, на Фејсбук објави дека била извршена акција во Звечан со тврдење дека полицијата спречила терористички напад и дека „Србија се обидува да го дестабилизира Косово“.
„Косовската полиција спречи терористички напад. Благодарение на интензивниот ангажман на специјализираните единици на косовската полиција и добиените информации, денеска на околу 100 метри од општина Звечан е идентификуван автомобил со белградски регистерски таблички во кој имало големи количества оружје, експлозивни направи и муниција “, објави Свечља.
Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, утре претпладне во Владата на Србија ќе одржи вонредна прес-конференција во врска со настаните во Косово.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, в понеделник ќе поднесе извештај до министрите за надворешни работи на ЕУ за ситуацијата на северот на Косово и ќе побара поддршка за европскиот план за смирување на тензиите, објавија дипломатски извори во Брисел.
Борел ќе ги информира шефовите на европските дипломатии за резултатите од разговорите со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, како и за натамошните чекори за решавање на кризата.
Тој денеска објави на Твитер дека е многу вознемирен од ситуацијата во северниот дел од Косово.
„По вчерашната кризна средба, имаме вонсудски апсења на косовските Срби, марширање на косовските безбедносни сили во јужна Митровица и тешка реторика од Србија. Ескалацијата продолжува и станува опасна. Нема да ја толерираме“, напиша Борел на Твитер.
Курти му одговори на Борел со тврдење дека „ширењето паника и лажни тврдења само ги подгрева тензиите и им помага на оние кои сакаат ескалација“.
Ново на Сител
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
-

Протести во Данска и на Гренланд поради плановите на Трамп за преземање на островот
-

Општина Кисела Вода го модернизира осветлувањето, ЛЕД светилки со паметен систем за контрола
-

МЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
