Косовската Влада ја усвои иницијативата за членство во Интерпол

Косовската Влада на денешната седница ја усвои иницијатвата за членство на Косово во меѓународната организација за криминалистичка полиција - Интерпол.
- Иницијативата за членство во оваа меѓународна организација дава голема можност за соработка на Косово со други држави и секако помага во спречувањето на криминалот и борбата во различни форми на криминалитет, смета Бехар Селими, заменик министер за внатрешни работи.
На седницата шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај посочил дека се преземени сите мерки за Косово да биде поддржано од земјите членки при гласањето во Генералното собрание следниот месец.
- Ги презедовме сите неопходни мерки за да обезбедиме поддршка од земјите членки. Од 190 држави треба да бидеме поддржани од 110 за Косово да стане членка на Интерпол, каде аплициравме во 2015 година, изјавил Хоџај.
Тој ги навел придобивките кои Косово ќе ги има во случај да стане членка на оваа меѓународна организација.
- Она што е најважно е секако што косовската полиција ќе има пристап до податоците на Интерпол и ќе имаме можност таа организација во иднина да не се злоупотребува, како што беше злоупотребена од страна на Србија. Постојат многу држави кои се уште не го признале Косово, но покажаа подготвеност за поддршка на неговото членство во оваа организација, истакна министерот Хоџај.
Голем оптимизам за членство на неговата земја во Интерпол изразил премиерот Иса Мустафа, чија Влада е во заминување, а кој смета дека „годинава шансите за тоа се најдобри“.
- Задачите ги завршивме, поддршката постои за во септември да има позитивен резултат, смета Мустафа.
Инаку, косовскиот прв полицаец Скендер Хисени е во работна посета на САД, каде ќе се сретне со постојани претставници на повеќе земји членки на ОН, при што ќе побара поддршка за зачленување на Косово во Интерпол.
Ново на Сител
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
