Косовската Влада осветлена со боите на украинското знаме
Зградата на Владата на Косово вечерва осамна со боите на знамето на Украина, во знак на поддршка за таа држава во актуелниот конфликт со Русија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во Собранието на Косово денеска се отвори расправа за кризата предизвикана од стационирањето на бројни руски сили на границата со Украина и со признавањето на независноста на украинските области Луганск и Доњецк од страна на официјална Москва, односно од рускиот претседател Владимир Путин.
Премиерот Курти во обраќањето од собраниската говорница изјави дека Косово, и во оваа ситуација, како и секогаш „ќе биде на страната на Европската Унија, Соединетите Американски Држави и НАТО“, додека косовското Министерство за надворешни работи се огласи со соопштение, во кое го обвини Путин дека „уште еднаш отвора војна против една мирољубива демократија“.
Најголемата опозициска партија во косовското Собрание, Демократската партија на Косово, побара од премиерот Курти, поради ситуацијата во Украина, да го свика Советот за национална безбедност и да воведе санкции кон Русија доколку тоа го сторат ЕУ и САД.
Ново на Сител
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал