Балкан
12. January 2022 - 14:02

Косовски автобус полн со патници возел без едно тркало во Словенија

Во Словенија е уапсен 32-годишен возач од Косово кој управувал патнички автобус без едно тркало, јавуваат словенските медиуми, а пренесува Нова Македонија.

Автобусот бил запрен и исклучен од сообраќај на автопатот Љубљана - Обрежје.

Возачот добил казна од 400 евра, и не можел да и објасни на полицијата каде го загубил тркалото од автобусот кој бил полн со патници. Против него поведена е и судска постапка.