Балкан
17. јуни 2016 - 10:46

Косовскиот претседател на средба со Папата Франциско

Косовскиот претседател Хашим Тачи во приватна аудиенција  во Ватикан се сретнал со  Папата Франциско.

На средбата,која траела нешто повеќе од пола час,Тачи изјавил дека вредностите кои ги преставува Светата Столица,како помирување, мир,соработка и толерација се вредности за кои се ангажира и Косово.

Претседателот Тачи го информира Папата и околу внатрешната и надворешната консолидација на Косово,и според него, Косово е пример во регионот и поширко за толеранција и соживот меѓу народите од различна етничка и верска припадност.

Тој исо така ја искажал радоста што Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица,бидејќи,како што рекол таа е, олицетворение на универзалните вредности.