Косовско МНР: Нема да дозволиме Вучиќ да го посети Косово
Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека нема да дозволи посета на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Косово, пренесува Бета.
Министерството за надворешни работи денеска, за порталот Газета експрес, потврди дека во четвртокот, 19 ноември, Вучиќ поднел барање за посета на Косово со уште тројца соработници.
Во делегацијата со Вучиќ се предвидувало да бидат и министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ и поранешниот директор на таа канцеларија, Марко Ѓуриќ.
Барањето за посета уследи по откривањето на масовна гробница во Србија, за која постои сомнение дека во неа се тела на косовски Албанци убиени во конфликтот во 1999 година, наведува „Газета експрес“.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата