Балкан
8. October 2024 - 9:48

Коста Кецмановиќ донесен со полиција и Брза помош - Ќе сведочи во најбезбедната судница во Србија

Денеска продолжува судењето на неговите родители – Владимир и Миљана Кецмановиќ.

Во зградата на Специјалниот суд во Србија предмалку влегоа амбулантни возила во придружба на полиција, а во нив најверојатно е момчето-убиец кое денеска ќе влезе во судницата како сведок.

Тој треба да даде исказ на денешното рочиште.

Судницата број 1 во зградата на Специјалниот суд во Белград е една од најбезбедните судници во Србија. Таму се одржува судењето на Урош Блажиќ, кој е обвинет дека извршил масакр во Мали Орашје и Дубона ден по момчето убиец, во кој уби девет и рани уште 12 млади луѓе.

Во истата судница им се суди на членовите на криминалната група на Вељко Беливук, а зад истата говорница застана и Милорад Улемек Легија, со кого неговиот татко Владимир Кецмановиќ го спореди момчето убиец поради неговото „прецизно пукање“, пишуваат медиумите.