Костадинов со поддршка за Гарванлиев: Нема да го скршат Струмичкиот дух
Пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов преку Фејсбук со поддршка за евровиозискиот претставник Васил Гарванлиев и негов сограѓанин, кој доби жестоки критики откако кажа дека има и бугарски пасош.
„Интересно, некои луѓе низ годините се обиделе, за жал и сега се обидуваат да го скршат струмичкиот дух, струмичкиот непокор, струмичката храброст, струмичката спремност, таа чудна стремеж, струмичка за перфекционизам.
За волја на вистината, не успеале!
Нема ниту сега да успеат, Струмичкиот дух не е стакло, третирајте го како жив.
Можете да го делите, да го крчмите ама на крај се соединува во едно.
Така ќе биде и овој пат, Васил понуди квалитет, вокален текстуален…
Тој квалитет и го поклони на државата, на сите нас без разлика какви сме, кои сме, како размислуваме, што ние мислиме.
Ни даде подарок со кој треба да се радуваме и нешто кое што исклучително треба да го почитуваме.
Биди сигурен Васил, дека огромен дел од граѓаните даваат поддршка на тоа што го работиш, за жал некои луѓе во тоа видоа шанса за политички профит.
Јас сум убеден дека ниту една разлика, политичка, етничка, верска или било каква друга, нема да биде посилна од желбата за наш заеднички успех, предводен од Васил Гарванлиев.
ПС. Марионка лична Македонка!
Не заборавајте го хитот од Златно Славејче!“, напиша Костадинов и го сподели јавното обраќање на Гарванлиев.
Ново на Сител
-
Таравари: Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања
-
Дибала повторно се повреди
-
Манчестер Сити губи клучен играч до крајот на сезоната
-
Раниери лут по мечот со Порто: Судијата едвај чекаше нешто да се случи, за да му ја подари победата на противникот
-
Изгоре куќа во село Иловица, струмичко
-
Продолжува судскиот процес со родилката од Дебар, ќе се презентира супер вештачењето
-
РСБСП со кампања за Св. Трифун, апелира - вози безбедно, вози со љубов
-
Во Хрватска денеска бојкот на пекарници и пекарски производи, од утре бојкот на нов трговски синџир