Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана од 19 до 21 март
Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана во периодот од 19 до 21 март, изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој информираше дека утре судот ќе има редовен работен состанок, на кој ќе се утврдуваат листата на учесници и спорните правни прашања во врска со иницијативите по овој закон.
- Очекувам дека во текот на утрешниот ден ќе бидат утврдени и спорните правни прашања и листата на учесници. Ние имаме предлог од судијата известител, но секој е слободен да предлага, рече Костадиновски.
Дополни дека се предложени повеќе од 20 имиња, а станува збор за експерти по уставно право, меѓународно право, човекови права и поранешни судии на Европскиот суд за човекови права.
Претседателот на Уставен информираше дека е побаран пријателски совет од Венецијанската комисија, и информираше дека пријателскиот совет ќе биде усвоен на седницата на 14 и 15 март.
- Што значи дека подготвителната седница може да се очекува во наредните денови. Веднаш штом 14-15 се усвои пријателскиот совет, ќе биде објавен јавно на 17 или 18. Побаравме претставник од Венецијанската комисија да дојде и на подготвителната седница да го образложи пријателскиот совет. Моите очекувања се дека во тие денови 19-21 ќе биде одржана подготвителната седница, додаде тој.
Тој изрази жалење за недоаѓањето на некои од неговите колеги на седницата, но истакна дека нема да дозволи никој да ја уценува или блокира работата на Уставниот суд.
- Минимум кворум за работа на судот се пет судии, одлуките се носат со пет гласа, освен ако не е потребно квалификувано мнозинство. Подготвителната седница ќе се одржи доколку се исполнети условите од минимум судии присутни за работа, рече Костадиновски.
Во однос на изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, кој рече дека албанскиот јазик не е прашање за Уставниот суд на Македонија, Костадиновски изјави дека тие изјави биле непримерни и недостојни.
- Ако влеземе во коментари на странски државници, тоа не е моја работа. Но, секоја изјава од домашен или од странски чинител, што изразува сомнеж или етикетира наше постапување, должен сум да реагирам и реагирам,“ додаде тој.
По денешниот пресек за работата на Уставен суд, за која Костадиновски изјави дека беше година на крупни реформи и политички притисоци, претседателот, меѓу другото, беше прашан и за рефератот за измените на Кривичниот законик донесени лани во септември, при што посочи дека последните информации се дека е во завршна фаза.
- Во наредни месец-два судот ќе расправа за рефератот за измените на КЗ. Во завршна фаза е рефератот, штом е предаден, тоа значи дека или денеска или утре ќе стигне кај мене, штом стигне кај мене на некоја од наредните седници ќе биде ставен за расправа и одлучување пред Судот. Убеден сум дека во првите месец, два во наредната година Судот ќе расправа и за ова прашање, рече тој.
Во однос на причината зошто и после две години не се одлучува, посочи дека за тој предмет не важат роковите од новиот Акт.
Ново на Сител
-
Работничка добила отказ бидејќи планирала да забремени со Ин витро – КСЗД утврди дискриминација
-
СДСМ: Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК
-
Ако поскапат основните производи по само еден час ќе ги замрзнеме цените, рече Дурмиши
-
5те базени што ги гради државата ќе бидат готови до крајот на летото
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат
-
Мицкоски очекува Ахмети да биде повикан на распит за да каже каде е Груби
-
Реновиран дел од Клиниката за психијатрија