Костовски: Побегуљата Данела да излезе и да си го собере ѓубрето
Изгубениот случај Данела ги пушти несвесните пиони да шират лажни вести.
Гледам дека некои изгубени случаи, платени за тоа, со дебели хонорари се обиднуваат да инсинуираат, подметнуваат и да шират лаги од редовни мои средби со граѓани на Бутел.
Нема да зборувам за мотивите на таквите лаги дека наводно јас, а претходно претседателот Мицкоски седел позади некое чаирско семејство вработено пред 15тина години во Комунална хигиена, нема да зборувам ниту за нивото на лаги присутно на оваа седница на советот на град Скопје, само ќе кажам доста демагогија, од градоначалничката побегуља, излезете и соберете си го ѓубрето, работете си ја работата.
И не се двоумете, јас секогаш ќе бидам со бутелчани, заедно со народот и во секоја нивна мака и барање.
Ниту една конструкција нема да го занемари фактот дека Данела ќе остане убедливо најлошиот градоначалник на Скопје, дури многу полоша и од Шилегов што е просто неверојатно.
Психолошки помалку стабилната личност пред извесно време во Бутел доби црвен картон, зошто не размисли дека два ќе и бидат премногу.
Линк од фб објава на Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Одбележан 4 април, Денот на тутунските работници - се бара поголема поддршка од државата
-

За прв пат Лазарева поворка во Охрид
-

Потрага по пилотот на соборениот американски авион во Иран
-

Преглед на вестите од светот
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
