Ракомет
9. April 2021 - 9:33

Котевски: Тиквеш е фаворит на дуелот во Кавадарци

Тренерот на Голден Арт, Игор Котески во пресрет на дуелот со Тиквеш во Кавадарци, на двете досега непоразени екипи во плеј-аутот на македонската Суперлига во ракомет, фавористката улога ја препушти на домаќинот.

– Фаворитската улога ја има домаќинот, екипата на Тиквеш пред сè поради поголемиот фонд на играчи, засилувања од странство кои ги донесоа годинава. Од друга страна, нашата екипа е млада, единствената во лигата составена од исклучиво македонски играчи, желни за докажување и со сигурност можеме да кажеме дека се иднината на македонскиот ракомет. Очекувам добар натпревар и нека победи подобриот тим, изјави Котевски.

Натпреварот Тиквеш – Голден Арт КЛ7 е закажан за утре со почеток во 16 часот.

Двете екипи имаат максимални 12 бода по првите четири кола.