-->
-->
Ковачевски: Да се почитуваат правата и способностите на секој поединец
-->
Премиерот Димитар Ковачевски денеска, преку својот фејсбук профил, испрати порака по повод Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, 2 Април.
-Сите ние сме различни. Се разликуваме по боја на очи, висина, пол. Се разликуваме по карактер, вештини, стравови, омилени нешта. И на случувањата околу нас секој може да гледа различно. Денеска, на 2 април, Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, испраќам порака за почитување на правата и способностите на секој поединец и избегнување на дискриминација, етикетирање и стигматизација, наведува Ковачевски.
Премиерот истакнува и дека Владата што ја предводи, посветено работи на системски пормени за социјална инклузија и прифаќање на различноста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
