Ковачевски: Договорот Фронтекс потпишан на македонски јазик, без фусноти, додавки и ѕвездички
Денес е голем ден за Северна Македонија и за македонскиот народ. Денес го потпишавме Договорот Фронтекс на македонски јазик, без фусноти, без додавки и без ѕвездички. Тоа е ветувањето кое јас го дадов и го исполнив, рече премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.
Ова, како што рече Ковачевски, е првиот официјален договор потпишан меѓу Северна Македонија и ЕУ на кој стои чист македонски јазик, заедно со сите други јазици во Унијата.
-Со овој чин се покажаа деструктивностите на сите кои бескруполозно со мегафони лажеа дека ова нема да се случи. Пропаднаа лагите, а граѓаните по којзнае кој пат увидоа кој е веродостоен партнер, а кој се служи со лаги и манипулации. Денес јасно и гласно во официјални изјави на официјални европски претставници се користи македонскиот јазик кој е рамноправно застапен со сите други во ЕУ, рече Ковачевски.
Тој ја повика опозицијата во Собранието на обединување заради европската иднина на државата, а тоа, напоемна, се однесува на преговорите со ЕУ, но и на уставните измени кои ја очекуваат земјава веднаш по завршувањето на скринингот.
По Ковачевски треба да се обрати и Фон дер Лајен.
Ново на Сител
-
Приведен маж од Тетовско поради приредување игри на среќа без лиценца
-
ИДФ нареди евакуација на 35 области во јужен Либан
-
„Андроид 16“ би можел да го носи кодното име „Баклава“
-
Последен пат ја виделе неандерталците: Комета, што се појавува еднаш на 80.000 години, месецов е на небото над Земјата
-
Судот на правдата на ЕУ ја одби жалбата на забраната за давање адвокатски услуги на руски субјекти
-
Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно
-
ЦУК: 11 пожари на отворено, девет пожарникари дежураат кај зградата во Чаир
-
Во Визбегово се убиваат улични животни и миленици со огнено оружје, предупредува Анима Мунди