Ковачевски: Дојдовме до системско решение за раст на платите и пензиите, кое нема да зависи од волјата на ниедна политичка партија
Oваа Влада, успеа во она што беше недостижно досега, успеа да сврти нова страница на историјата и за прв пат по 15 години на иста маса со синдикатите и со сите засегнати, заеднички најде одржливо решение за платите во јавниот сектор, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.
- Новиот Општ колективен договор за јавниот сектор, кој денеска беше потпишан во Владата е победа за работниците и е резултат на успешните преговори и нашиот отворен дијалог со синдикатите, објави премиерот.
Вработените во јавниот сектор од септември оваа година ќе добијат 10 проценти повисоки плати и исплата на регрес за 2023 година во износ од 10 илјади денари, којшто ќе биде исплатен до крај на годината.
- Од март 2025 ќе се спроведува нова Методологија на плата. Во новиот Општ колективен договор предвидовме исплата на минимум К-15 во износ од 30 отсто од просечната нето плата. Заеднички со синдикатите дојдовме до системско решение за раст на платите и пензиите, кое нема да зависи од волјата на ниедна политичка партија и сега и во иднина!, напиша премиерот Ковачевски на фејсбук.
Ново на Сител
-
Од понеделник нема да возат приватните превозници во Скопје
-
Трнливиот пат и бурите од Пакистан до Македонија на бегалецот Алириза Куреши
-
Прилепчани со велосипед од Цирих
-
Тема на денот со Сара Миленковска
-
Енергетски колапс: Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија со часови без струја
-
Пеколни горештини - Пијте вода, внесувајте електролити, контролирајте го притисокот апелираат лекарите
-
Шетаат змии низ Скопје: Две лица за една недела завршија на Инфективна
-
Таравари во понеделник ќе ги разреши економските директори на здравствените установи