Ковачевски – Ескобар: САД се за итно решавање на прашањата со Бугарија и за брз старт на преговорите со ЕУ
САД сметаат дека е неопходно максимално забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и поддржуваат итно изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања со Република Бугарија, истакнал заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски за време на Економскиот форум Делфи во Грција.
Ковачевски и Ескобар, како што информираат од владината прес-служба, изразиле согласност дека нема време за губење и оти секое натамошно одлагање на тој процес предизвикува сериозни регионални последици, го поттикнува националистичкиот наратив со што се отвора вратата за зголемено влијание на трети страни.
– Дел од одговорите на овие ризици, беше речено на средбата Ковачевски-Ескобар, се содржат во иницијативата „Отворен Балкан“, која како што потенцираше заменик-помошникот на државниот секретар, САД целосно ја поддржува затоа што нејзиниот концепт го помага регионалниот развој и ја забрзува европската интеграција на земјите од Западен Балкан, се вели во соопштението од Владата.
![]()
На средбата било констатирано дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ како исклучително важна тема за САД, заедно со заедничкото стратешко учество во НАТО и со билатералното партнерството меѓу двете земји кое што е во постојан развој.
Ковачевски и Ескобар разговарале за актуелната состојба во светски рамки, кризата предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина, како и справувањето и, како што се вели во соопштението, ефикасниот од говор на мерките на Владата за енергетската криза.
Премиерот Ковачевски во разговорот со Ескобар истакнал дека е обезбеден стабилен континуитет на стратешките политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Северна Македонија во НАТО, како и за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.
Ново на Сител
-

Мицкоски - Брунер: Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности
-

Ѓорѓиевски: Скопје не смее да чека, мора да се развива - посветено и со визија, во завршна фаза е изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром
-

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси
-

Приведен 18-годишник од тетовско осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции
-

Сиљановска Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за копенхашки критериуми
-

„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“
-

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност
-

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
