Ковачевски ги испрати фудбалерите и им вети премија од 500.000 евра | ФОТО

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски пред заминување на македонската фудбалска репрезентација за Порто, се појави во авионот на националниот тим за да им посака среќа и ги испрати фудбалските херои на завршната битка кон пласманот на Светското првенство, во вторник против Португалија од 20.45 часот.
Ковачевски пред заминување влезе во авионот на фудбалерите и им вети премија од половина милион евра, како дополнителна мотивација за пресметката со фаворизираните Португалци.
„Вие сте најсветлата точка на Македонија во моментов, цела Македонија ве чека на плоштад, а владата со драго срце ќе издвои награда од 500.000 евра за пласманот во Катар. И ова досега е успех, не знам како, но победете ги Португалците. Знам дека можете“, им се обратил Ковачевски на фудбалерите.
Владата на Македонија на фудбалерите им даде иста ваква награда пред година ипол кога Макеоднија во Тбилиси успеа да победи и да го завери првиот историски настап на едно големо натпреварување, Европското првенство на кое ланското лето дебитиравме.
Ново на Сител
-

Си: Борбата со корупцијата е битка која Кина не смее да дозволи да се изгуби
-

Утре се празнува Стара Нова година и Василица
-

Уапсено лицето кое скрши стакло на бугарската амбасада во Скопје
-

Алиу: Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари
-

Здравствените работници ќе може бесплатно да се вакцинираат против хепатитис Б
-

На сопственикот на опожарениот бар во Кран Монтана му е одреден тримесечен притвор
-

Анима Мунди: Kучиња со ушни маркици од Албанија донесени во Скопје
-

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет
