Ковачевски: Грижата за животниот стандард е приоритет – рекордно зголемени пензии и минимална плата од 18.000 денари
„Граѓаните од нас очекуваат ефикасност, и затоа она што го ветуваме и го исполнуваме.“, порача на својот Фејбук профил Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Премиерот Ковачевски потенцираше дека во многу краток период, во време на продлабочена криза, Владата успеа да договори рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија. Дополнително Владата обезбеди директна финансиска помош од 1000 денари за секој пензионер за наредните 3 месеци, а со овие мерки, посочи премиерот, пензионерите во просек ќе имаат скоро 200 евра плус во домашниот буџет за 2022 година.
„Минималната плата од 18.000 денари е реалност. Но уште поважно е што таа континуирано ќе расте без потреба од дополнителни интервенции. Сега, со две минимални плати може да се покрие синдикалната кошничка, што не беше случај пред само 5 години, кога беа потребни повеќе од 4 минимални плати за истата да се покрие. Во година полна со предизвици и продлабочена економска криза, преку правилна стратегија ги насочивме сите ресурси и енергија кон економска поддршка за граѓаните и стопанството. Така ќе продолжиме и понатаму.“, напиша премиерот Ковачевски на својот профил на социјалните мрежи.
Премиерот Ковачевски потенцираше дека грижата за животниот стандард на граѓаните, особено за оние најранливите, е еден од врвните приоритети за оваа Влада. Затоа, фокусот е на системски решенија преку кои континуирано се подобрува квалитетот на живот.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно