Ковачевски и Деспотовски ќе ја презентираат првата странска инвестиција во 2024 година
Во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) денеска ќе биде презентирана првата странска инвестиција за 2024 година.
Дирекцијата по овој повод организира брифинг со новинарите на кој, покрај директорот Јован Деспотовски, ќе бидат присутни и премиерот Димитар Ковачевски, како и претставници на компанијата инвеститор.
Деспотовски во вчерашното интервју за МИА рече дека се работи за компанија која доаѓа од атрактивна технолошка дестинација од Југоисточна Азија. Капацитетот ќе биде лоциран во ТИРЗ Скопје 1 и според проекциите, до крајот на инвестицискиот период само за плати се предвидени над 15 милиони евра годишно.
-Со оваа инвестиција се отвора целосно ново поглавје во однос на типот и квалитетот на вложувањата, посебно од аспект на високи плати и ангажирање млади луѓе со високи квалификации. Компанијата има претставништва во повеќе земји низ светот и веќе вработува млади кадри од државава, но со договорот што е постигнат, бројката дваесеткратно ќе се зголеми, истакна Деспотовски.
Ново на Сител
-
Унгарија спасуваше бод против Македонија
-
И покрај забраната, има огромен број знамиња со сонцето од Кутлеш на трибините во Вараждин
-
Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска Вараждин
-
Додека се слави за примирјето помеѓу Израел и Хамас, Нетанјаху соопшти дека договорот не е постигнат | ВИДЕО
-
САД со нови санкции кон Русија
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново