-->
-->
Ковачевски и Петков положија цвеќе на спомениците на „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент и Св. Наум Охридски“
-->
Премиерите на Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков положија цвеќе на спомениците на „Св. Кирил и Методиј“ и на „Св. Климент и Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје.
– Двајцата премиери заеднички оддадоа почит на делата на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј и на Св. Климент и Св. Наум како уште една потврда за важноста од соработката на двете држави, за зајакнување на меѓусебната доверба која се гради со заедничка работа во име на напредокот на народите во двете земји, информираат од владината Прес-служба.
Премиерите Ковачевски и Петков потоа се упатија преку Камениот мост и плоштадот „Македонија“ и ја посетија и канцеларијата на бугарската новинска агенција БТА во Скопје и со тоа го означија почетокот на работата на оваа канцеларија во Македонија, додека пак за време на одржувањето на меѓувладината седница, која на 25 јануари ќе се одржи во Софија, ќе биде отворена и канцеларијата на МИА во Република Бугарија, која ќе биде лоцирана во Македонскиот културно-информативен центар во Софија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
РФМ: Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина
-
На возилото од Министерството за политички систем му недостигале делови, а дел биле заменети
-
Поевтинуваат горивата
-
65-годишник украл скутер во Тетово
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе
-
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор
-
Српскиот патријарх во Македонија за Свети Сава
-
9 лица, меѓу кои и малолетник, приведени во Куманово, нелегално продавале тутун на Градскиот пазар