Ковачевски ќе се обрати на настанот „На европскиот пат: нови реформи, нови можности“
Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан посветен на Извештајот на ЕК: „На Европскиот пат: нови реформи, нови можности”, во организација на Секретаријатот за европски прашања.
Организаторите на настанот најавија учество и на претседателот Стево Пендаровски, чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и на шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Во рамки на настанот ќе се одржи панел-дискусија „Со сите капацитети до европски стандарди – институции кои испорачуваат за граѓаните„ а како панелисти, освен Маричиќ и Османи, најавени се и заменик-министерот за финансии Филип Николовски, претседателката на граѓанската организација ЕСТИМА – Здружение за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности, Ана Крстиновска и Андреја Стојковски, директор на „Преспа институт“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Екс амбасадорот во Бугарија - Марјан Ѓорчев
-
Анализа: Како да нема превиди во помилувањето
-
Паднаа потписи: 4,1 милијарда денари од буџетот на владата за капитални проекти за општините
-
Мицкоски: Доблесно е да се даде оставка,кога ќе се констатира грешка да се преземе одговорност
-
СДСМ за оставките на Комисијата
-
Над 45 милиони евра издвоила државата за правосудството во 2022 година
-
Сдсм бара итна оставка на Христовски, Мицкоски очекува ДКСК да го истражи случајот
-
Бугарија гласа: Седми парламентарни избори за помалку од 4 години