Ковачевски – Кравињо: Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка поддршка во ЕУ-интеграциите
Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше билатерална средба со министерот за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомес Кравињо, кој е во дводневна официјална посета на земјава.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски и министерот Кравињо уште еднаш ја потврдија успешната билатерална соработка помеѓу Северна Македонија и Португалија и разговараа за можностите за интензивирање и унапредување на економската билатерална и мултилатерална соработка, во контекст на постојната економска и енергетска криза со која се соочува светот.
Шефот на португалската дипломатија изрази искрени честитки за отворањето на преговорите за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ посочувајќи дека за оваа одлука беа потребни и политичка и државничка храброст.
Кравињо притоа го информираше премиерот Ковачевски дека Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка поддршка, во континуитет во текот на целиот евроинтеграциски процес.
На средбата со португалскиот министер за надворешни работи присуствуваше и вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска.
Ново на Сител
-
,,Горан е тука“ – одбележување на 73. роденден на големиот драмски автор Горан Стефановски
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
МВ: ВМРО-ДПМНЕ 51,7% - СДСМ 10,9%
-
СДСМ вели дека Владата е раскарана, ВМРО-ДПМНЕ одговори дека е стабилна и функционална
-
Андоновски за првата антикорупционерка: Треба да си даде оставка
-
Обвинителството обезбедува докази од вчерашната престрелка на Бит пазар – власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
Манасиевски: Од левичари и глумење скромност до деловни објекти во центарот на Скопје