-->
-->
Ковачевски на средба со делегација на „Цивил“: Градиме просперитетно општество со еднакви можности за сите
-->
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, станало збор за владините програми и соработката со граѓанските организации во јакнење на граѓанските вредности и капацитети во државата, борбата против дезинформациите, транспарентност на институциите, како и имплементацијата на „Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија”.
Премиерот Ковачевски на средбата посочил дека во изминатите пет години Владата покажа што значи демократија, лична слобода и право на мислење, почит, толеранција и недискриминација и дека со владината стратегија за едно општество се идентификувани темелните одредници за заедница во која секој граѓанин, без исклучок, ќе се чувствува како еднаков, рамноправен припадник на општество, кое е и фер и правично за сите.
Со промената на власта во 2017 година, истакнал Ковачевски, и за медиумите, и за граѓаните се случи пресврт во медиумскиот етер по повеќе основи. Запре репресијата, диктирањето и контролата, а на јавната сцена доминираат слободата на мисла и на изразување, гласната критика и натпреварот на мислења, идеи и аргументи.
На состанокот било посочено дека низ максимално почитување на принципот на инклузивност, Владата во тесна и продуктивна соработка со граѓанскиот и бизнис секторот останува максимално посветена на имплементација на принципите за отворена власт.
Премиерот Ковачевски на средбата како посебно значајна ја нагласил активноста на „Цивил Медија“, како дел од организацијата за човекови права „Цивил“, во разобличувањето на дезинформациите.
Во однос на актуелната кампања на опозицијата за блокади и за бојкот на институциите, на средбата било потенцирано дека станува збор за неодговорно однесување кое единствено има за цел да генерира дополнителна криза за да се предизвикаат предвремени избори.
На средбата, како што е наведено во соопштението, била изразена согласност дека од посебна важност е да заврши процесот за реформи на изборниот процес, и дека во овој момент предвремените избори ќе предизвикаат дополнително одлагање и на другите процеси кои се од посебна важност за граѓаните и државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови правила за добивање субвенции: Трипуновски вели парите ќе одат само кај вистинските земјоделци
-

Владата утре под блокада - ССМ бара повисоки плати
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
-

Од вечерва нови најави за врнежи од дожд и снег
-

Се засилуваат критериумите за добивање субвенции
-

Вештачка интелигенција во јавниот сектор – дали ќе ги замени работниците?
-

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата
-

Жените се повеќе се дел од науката, потребно креирање политики
