Македонија
4. April 2022 - 10:59

Ковачевски: Насилството врз цивили во Украина мора да запре веднаш

Премиерот Димитар Ковачевски утрово на Твитер објави дека се шокирани од снимките од ослободените градови во Украина како Буча и злосторствата извршени од руските инвазиски сили.

– Шокирани сме од снимките од ослободените градови во Украина како Буча и злосторствата извршени од руските инвазиски сили. Насилството врз цивилите мора да запре веднаш, а извршителите и наредбодавачите на овие злосторства мора да бидат изнесени пред лицето на правдата!, напиша Ковачевски на Твитер.