Ковачевски - О’Брајан: Северна Македонија е пред клучен момент да ги осигура европските перспективи
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска одржа тет-а-тет средба со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан.
По тет-а-тет средбата, како што соопштија од владината прес-служба, се одржала и билатерална средба, на која присуствувале и Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Викторија Аврамовска - Мадиќ, заменичка-министерка за правда.
На состанокот била поздравена конструктивната улога на Република Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ, како и придонесот на земјава во мирот во регионален и глобален контекст.
- Премиерот Ковачевски и помошникот државен секретар на САД, О’Брајан го потврдија големото пријателство помеѓу Северна Македонија и САД, коешто е базирано на меѓусебна доверба. Се истакна и важноста на стратешкото партнерство на САД во натамошниот напредок на нашата држава. Се разговараше и за актуелни прашања во нашата држава, како и од значење за поширокиот регион, се наведува во соопштението.
На средбата било потенцирано дека политичката стабилност има клучно значење во реформските процеси од значење за граѓаните и за развојот.
Се констатирало дека Северна Македонија со зрелите политики и мудрите лидерски одлуки, како што стои во владиното соопштение, стана членка на НАТО и сега е пред пресвртен момент да обезбеди европски квалитет на живот каков што заслужуваат македонските граѓани, функционална имплементација на владеењето на правото и унапредување на правната институционална рамка во рамките на процесот на преговори со ЕУ.
- Заедничкиот заклучок од средбата беше дека е неопходно сите политички лидери и субјекти во државата да ја имаат предвид важноста Северна Македонија да продолжи со следниот чекор на патот кон ЕУ, што ќе ги осигура европските перспективи на државата. Тоа е чекор што се очекува од Северна Македонија како придонес во демократскиот прогрес и перспективите на целиот Западен Балкан и во прилог на стабилноста и безбедноста на европскиот континент, соопштија од Владата на РСМ.
Ново на Сител
-
Приведени двајца малолетници од Сарај, кај нив пронајдени два ножа и боксирач
-
Иницијатива GoDigital: Зајакнување на 15 македонски компании на нивниот пат за дигитална трансформација
-
Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ
-
Излета возило од патот во Кичево – три лица повредени
-
12 полицајци од Арачиново и Гази Баба со измислени прекувремени земале бонус плати
-
30 годишник ја претепал невенчаната сопруга и нивните деца, па ја заклучил во соба
-
Мицкоски за амнестијата за организаторите на „27 април“: Тоа е судска одлука, не би имал што да додадам
-
Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа