Ковачевски: Ова не е време за политички поени, пратениците да ги усвојат законите за енергетиката и продолжувањето на кризната состојба
– Премиерот Димитар Ковачевски вечерва апелира до сите пратеници да ги изгласаат законот за финансиски средства од ЕБРД за справување со енергетската криза, да ги поддржат измените на Законот за енергетика и на Законот за нафта и нафтени деривати, како и да го усвојат Барањето за продолживање на кризната состојба.
Како што истакна Ковачевски на вонредната прес-конференција во Владата, ова не е време за политички поени, туку е време за разум, солидарност и социјална грижа.
-Утре имаме седница за пратенички прашања во Собранието на државата. Сакам да им укажам на Собранието и на пратниците од сите политички партии да се одважиме заедно и конечно да се обединиме за интересот на граѓаните и пред започнувањето на седницата да се изгласаат законот со кој се обезбедуваат финансиски средства од ЕБРД, пари одобрени од ЕБРД за справување со енергетска криза на РСМ по исклучително поволна каматна стапка, измените во Законот за енергетика и Законот за нафта и нафтени деривати и усвојување на кризната состојба. Ова не е време за политички поени, туку е време за разум, солидарност и социјална грижа. Ова е само прв сет на одлуки на Економско-енергетскиот совет, истакна премиерот.
Откако претходно ја соопшти одлуката на Економско-енергетскиот совет, Ковачевски подвлече дека Владата се грижи за сите подеднакво и уште еднаш ги повика граѓаните да штедат струја.
-Рековме дека оваа криза заеднички ќе ја пребродиме како што ја пребродивме и КОВИД кризата. Ја користам оваа прилика, покрај овие одлуки кои вечерва ги донесовме за справување со енергетската криза да апелирам до сите граѓани да продолжиме со мерките за штедење. Секој киловат час заштеда електрична енергија значи заштеда на нашиот буџет и повеќе пари за инвестиции во нови енергетски и инфраструктурни проекти коишто ќе го подобрат во иднина снабдувањето со електрична енергија и ќе го подобрат квалитетот на животот. Заврши времето на изобилие со електрична енергија во Европа. Сега е време на штедење и тоа штедиме за да имаме електрична енергија, рече премиерот Ковачевски.
Ново на Сител
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
-

Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот
-

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец
