Ковачевски: Повеќе ќе се посветам на економската и внатрешната политика
Повеќе ќе се посветам на економската и внатрешната политика во државата, вели претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова Влада Димитар Ковачевски, прашан по кои карактеристики ќе биде различен од неговиот претходник во партијата и во Владата, Зоран Заев.
Ковачевски, кому утре претседателот Стево Пендаровски треба да му го додели мандатот за состав на нова влада, вечерва во гостување на ТВ Сител рече дека се уште не го составил новиот владин кабинет за што, како што најави, ќе има разговори од утре, по што ќе го направи изборот.
-Тешко е да зборуваш за разлики. Премиерот Заев беше фокусиран на решавање на големите прашања од значење за државата, да не заборавиме дека заради тие големи и тешки одлуки што беа донесени денес сме членка на НАТО и сме на чекор до почнување преговори со ЕУ. Таа посветеност во решавањето на тие прашања остави празнина во раководењето и менаџирањето на внатрешната и економската политика во државата, односно менаџирањето на кадрите, така што јас повеќе ќе се посветам на економската и внатрешната политика во државата, рече Ковачевски.
Тој, меѓу останатото, рече дека не разговарал со поранешниот претседател Бранко Црвенковски во последниот период, како и дека сите разговори за новото раководство во партијата ги водел сам.
-Во партијата сум 30 години и со сите сум имал одлична соработка и искуство, наведе Ковачевски.
На вчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ Ковачевски ја доби довербата да биде мандатар на новата влада, а партијата избра ново раководство.
Ново на Сител
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
