Ковачевски: Северна Македонија ја гледам на вистинската страна на историјата, како што секогаш била
– Северна Македонија ја гледам на вистинската страна на историјата, како што секогаш била и затоа уште на првиот ден од оваа неправедна војна во која една голема држава напаѓа помала, ја напаѓа нејзината демократија и нејзиното право за уредување на сопствената држава, се поставивме на страната на демократијата, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа каде ја гледа земјата во третиот светски поредок, Ковачевски рече дека Северна Македонија ја гледа како полноправна членка на Европската унија, која ќе изгради економски, политички, демократски и социјален систем, еднаков со сите други земји членки на ЕУ.
– Конечно македонските граѓани, македонската иднина и македонските деца да можат да живеат во држава членка на ЕУ, ама да живеат тука во својата држава, а не да живеат во туѓина, во некоја друга држава членка на ЕУ. Мојата визија и визијата на Владата е многу јасна. Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ со заштитен македонски јазик, заштитен идентитет и со заштитена историја и култура. Тоа е држава што почива и на борбата на борците од 1903 година и држава која што почува на Народноослободителната војна од 1941 година и држава која што почува на слободното и референдумско изјаснување на граѓаните на Македонија во 1991 година, нагласи Ковачевски.
Во однос на случувањата во Полска и понатамошни ставови на Владата, Ковачевски рече дека во моментов во Брисел се одржува состанок на земјите членки на НАТО, каде присуствува и нашиот амбасадор и целата комуникација во однос на тоа прашање ќе следува по тие состаноци и консултации кои што се прават во Брисел.
– Во однос на случувањето во Полска, вчера изразив сочувство на премиерот на Полска за тоа што се случи. Во однос на понатамошни ставови на македонската Влада и мене како премиер ќе следат по состаноците и консултациите во Брисел, изјави Ковачевски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
