Ковачевски со честитка за Курбан Бајрам: Само заедно и сплотени можеме да го совладаме секој предизвик
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски по повод еден од најголемите верски празници, Курбан Бајрам упати честитки до поглаварот на Исламска Верска Заедница на Република Северна Македонија, реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, на членовите на Ријасетот и на муфтиствата, како и на сите припадници на исламската вероисповед.
„Одбележувањето на овој празник кој е симбол на солидарноста и благосостојбата е во духот на нашиот вековен соживот кој го градиме со генерации. Празникот Курбан Бајрам сите нас нè потсетува на значењето и големината на споделувањето, љубовта кон блискиот и взаемната почит“, се вели во честитката на премиерот Ковачевски. Во неа се потенцира дека само заедно и сплотени, можеме да го совладаме секој предизвик и да продолжиме да го негуваме и чуваме нашето општество како едно општество за сите.
Премиерот порача овие празнични денови да поминат во мир, љубов и радост во домовите.
„Нека овој ден нè зближи уште повеќе во нашите заеднички напори за промоција на демократските и европски вредности во духот на мултикултурализмот, по што сме препознатливи во светот. Како што овој празник се одбележува преку сплотеноста на заедничката трпеза во кругот на семејството, роднините и пријателите, така да бидеме сплотени на нашиот пат кон приклучувањето во големото европско семејство“, потенцира премиерот Ковачевски во неговата честитка упатена по повод празникот Курбан Бајрам.
Ново на Сител
-
Барак и Мишел Обама се вклучија во кампањата на Камала Харис за избор за претседател на САД
-
Четворица работници повредени во ескплозија во погонот за артилерија во фабриката Слобода во Чачак
-
По повод 20-годишнината, НЕОТЕЛ воведува нов пакет за деловни корисници со брзина до 500 Mbps
-
Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава
-
Сведок во судењето за убиството и Вања и Панче: Запалениот цитроен „цитроен“ не донесе до пик-ап возилото и партијата „Десна“
-
Викендов променливо облачно време, од недела минусни температури
-
Ден на жалост во Велес, двајцата повредени во сообраќајката и натаму во критична состојба
-
Мицкоски најави нови германски инвестиции, очекува растот на БДП да надмине три отсто