Ковачевски со честитка за Прочка: Големината на човекот е во простувањето
Премиерот Димитар Ковачевски во име на Владата и во свое лично име денеска упати честитка за празникот Велики поклади – Прочка до поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан и до членовите на Светиот архиерејски синод, како и на целиот свештенички и монашки клир, и до сите православни верници кои го празнуваат празникот.
-Пораката од денешниот празник е благородна и исполнета со човечки вредности, затоа што големината на човекот е во простувањето. Да простуваме и да ни биде простено, да продолжиме по патот кон градење успешно и среќно општество со рамноправни граѓани. Да се почитуваме меѓусебно, да се обединиме сите заедно околу вистинските вредности и да обезбедиме мир, пријателство и благосостојба за секој граѓанин, нагласува Ковачевски.
Додава дека меѓусебното разбирање и почит се основата за да можеме да градиме интегрирано општество каде ќе се почитуваат човековите права и ќе се развиваат демократските вредности.
-Нека е честит и за многу години празникот, вели премиерот во честитката.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за 53-годишник од Делчево
-
Затвореник почина во Идризово
-
Вардар, Шкендија, Струга и Брера се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија
-
55-годишен маж паднал од објект во изградба и подоцна починал
-
Кривична за две лица од Кичево за „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“
-
ЈП „Водовод“ Куманово пријави вработена за проневера на пари
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор