Ковачевски: Со предвремени избори ќе се забави економијата
Изборите знаете дека се периоди кога се е насочено кон нив и со тоа ќе се забави македонската економија. Оваа влада докажа дека низ дијалог ги носи одлуките. Минималната плата и пензиите беа покачени низ дијалог. Со сите синдикати има дијалог за усголасување на платите. Донесовме пакет 26 антикризни мерки за справување со кризите и тоа беше донесено низ дијалог со компаниите и експертската јавност, рече премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во Тема на денот Дневникот на Сител околу можноста за договарање датум за предвремени избори.
Премиерот рече дека опозицијата постојано е повикувана да помогне и да учествува во дебати, но одбиваат.
-Постојат комисии со пратеници од сите политички партии. Тоа е местото каде треба да се отвори дебата. За сите крупни стратешки одлуки, ќе се разговара на лидерско ниво. Во моментот кога ќе дојде до документ од двете страни, ќе биде објавен во Собранието. Тоа би било финален чекор за преговори со ЕУ, но да се разговараат сите мерки на ниво на експерти, ќе значи ставање на Собранието со подредена улога. Ова сега што се случува не е ништо ново, веќе две години се блокираат закони, кажа Ковачевски.
Ново на Сител
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
-

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
