Ковачки: Бараме оставка од Ковачевски

Македонија ја води трајно неспособен премиер или премиер кој лажел и приложил документ за да ја избегне законската обврска за служење на воен рок.
Трајна неспособност е состојба која може само да се влошува, а не да се подобрува.
Ако состојбата на дезертерот Ковачевски можела да се поправи, тогаш дијагнозата ќе била времено неспособен, а не како што е заведен трајно неспособен.
Со трајна неспособност човекот не може да ги извршува своите работни задачи во текот на денот непречено, и тој мора да подлежи на паузи, кои може да бидат и подолги.
Македонската јавност останува без одговор на прашањата за тоа кога лажеше премиерот:
Тогаш кога изјави дека не бил во војска затоа тоа што бил на студии, или тогаш кога го приложуваше документот дека е неспособен.
Ова е крајно неодговорно однесување на првиот човек на Владата кој беше наместен на позицијата за да ги ужива бенефитите што му ги овозможија тие што загинаа додека тој бегал и лажно се претставувал за трајно неспособен.
Премиерот дезертер, е должен веднаш да поднесе оставка и во најмала рака и’ должи извинување на македонската јавност заради тоа што станал премиер правејќи се трајно неспособен тогаш кога државата го барала и кога и’ бил најпотребен.
Почитувани,
Бидејќи од СДС се оперирани од срам и морал и Ковачевски нема да поднесе оставка, а имајќи во предвид дека од Министерството за одбрана веќе ја потврдија автентичноста на објавениот документ на социјалните мрежи на кој јасно се гледа дека премиерот Ковачевски е трајно неспособен, односно е во состојба која не може да биде надмината, ги повикуваме надлежните институции веднаш да поведат постапка за утврдување на деловната способност на премиерот на Македонија и со истата веднаш да биде запознаена јавноста.
На трајно неспособни или на лица кои лажеле за да избегнат служење на сопствената држава, не може да им бидат доверени највисоките државни функции и истите мора да одговараат кривично доколку со лажење избегнале законска обврска.
Ново на Сител
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
-

Четири компании аплицирале на тендерот на Министерството за транспорт за електрични автобуси
-

Нема веќе алкохол и цигари во студенстките домови – законските измени во собраниска процедура
