Ковид-19 не стивнува, во Скопје 1.880 активни случаи, трицифрен е бројот во осум општини
Нови 96 случаи со Ковид-19 од 724 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево. Регистрирани се 61 оздравен пациент.
Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 9.249, оздравени се 4.871, а починати се 432 пациенти. Бројот на активни случаи во земјава изнесува 3.946.
Од вкупниот број активни случаи во Скопје има 1.880, во Штип 300, во Тетово 299, во Куманово 226, во Гостивар 196, во Струга 188, во Свети Николе 185, во Охрид 129, во Дебар 111.
Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника примени се пет пациенти, вкупно се хоспитализирани 91 пациент од кои на кислородна поддршка се 43 пациенти и нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, шест позитивни деца, две деца и една мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет пациенти, вкупно хоспитализирани се 92 пациент од кои на респираторна машина се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Единствениот начин за излез од оваа здравствена криза, како што истакна министерот за здравство Венко Филипче, се задолжителното носење маски и одржувањето на физичката дистанца.
– Доколку се придржуваме до превентивните мерки бројот на заболени ќе се намалува, рече Филипче.
Според него, единствена дополнителна мерка која може да дојде предвид во даден момент, индикација за тоа дали да се воведе дополнителна мерка, а тоа е рестрикција во движење, се окупираноста и пополнетоста на болничките капацитети.
-Ние во овој момент индикација за тоа немаме. Не може да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението. Имаме потпишано писмо до Светската здравствена организација да влеземе во планот за распределба на вакцината тогаш кога ќе биде на располагање, додаде Филипче.
Ново на Сител
-
Трошоците на живот во октомври пониски за 0.7%, а цените на мало за 0.1%
-
Макрон: Победата на Украина е во интерес на Европа
-
ЗОО Скопје во сабота ги отвара вратите за посетители
-
Војниците поднесоа кривична за Славјанка Петровска, го спречила синдикалното движење
-
Мбапе е незадоволен од играњето во центарот на нападот на Реал Мадрид и сака да игра на крило
-
Анкета: Мнозинството Украинци се против Русија, само три отсто имаат позитивен став
-
Врховен суд: Да се почитуваат акредитациите за снимање во судница
-
Загина 59-годишен маж од Прилеп: Со возилото излетал од патот