-->
-->
Ковид-19: За еден ден во Италија починаа 793 луѓе, од кои 546 во Ломбардија
-->
Италијанските власти денеска соопштија дека 793 луѓе починале во изминатите 24 часа од новиот коронавирус. Во Италија, вкупно 4.825 луѓе починаа од Ковид-19 од поќетокот на ширењето на болеста.
Вкупниот број на заразени од вчера до денеска се зголеми од 47.021 на 53.578, соопштија италијанските власти.
Само Ломбардија забележа 546 смртни случаи на заразени со коронавирус. Со овие податоци, бројот на починати во тој италијански регион се зголеми на три илјади. Тоа е најголемиот скок за еден ден во Ломбардија од избувнувањето на епидемијата.
Џулио Галера, советник за социјална помош во Ломбардија, ја потврди оваа информација.
– Во регионот има 3095 смртни случаи, со зголемување од 546, што е секако броjката што најмногу не боли, рече Галера. .
Речиси една милијарда луѓе ширум светот се ограничени да останат во своите домови за да се спречи ширењето на коронавирусот, кој досега однесе повеќе од 11.000 животи, при што САД ја следат Европа и воведоа строги мерки за спречување на движењето на луѓето.
Пандемијата на коронавирус целосно го наруши животот на луѓето низ целиот свет со ограничување на движењето, затворање на училиштата и универзитетите и забрана за јавно собирање, а милиони се принудени да работат од дома.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Постаро лице заглавено од снежни наноси во својот дом во Кочанско, ЦУК интервенира
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ молчи за Груби
-
Левица: Трошоците за живот двојно зголемени - власта без решение за инфлацијата
-
ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан
-
Приведен кавадарчанец по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин
-
ЕК ги отфрли обвинувањата на Марк Цукерберг за цензура на социјалните мрежи
-
Со „опел“ удрил во столб на патарина Сопот, двајца повредени
-
Завеани македонските села во Голо Брдо – Наставата прекината