Ковид-19 зема замав, рекорден број новозаболени и оздравени во државава
Највисок број новозаразени со коронавирусот регистрираше вчера Институтот за јавно здравје. Со новоевидентираните 205 случаи од кои повторно најмногу има во Скопје, вкупниот број новозаболени од почетокот на епидемијата, досега, во државава достигна 7.777.
Според податоците, регистрирани се и рекордни 336 оздравени, чиј вкупен број изнесува 3.960, а вкупно се починати 368 пациенти.
Меѓу оздравените е и 20 – годишен пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот. Ова е шестти познат случај во светот каде Ковид-19 развил ваква клиничка слика, велат докторите од Градската општа болница „8 Септември“ кои му го спасиле животот на младиот човек.
– Ова е реткост во светот и убава вест меѓу медицинските работници во установата кои со месеци секојдневно водат битки со Ковид-19. Тие се надеваат дека новиот ден ќе донесе помалку ново заболени. Вирусот е непредвидлив. Чувајте се, почитувајте ги мерките и заштитете се. Денеска, за првпат се регистрирани рекорди 336 оздравени пациенти, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочува дека се радува на секој излекуван пациент.
– Заедно ќе ја добиеме битката со Ковид-19! Да ги почитуваме мерките за заштита. Само со носење на заштитна маска, одржување дистанца и често миење на рацете ќе го спречиме ширењето на вирусот. Знам дека ќе успееме и ќе победиме, напиша Филипче.
Бројот на активни случаи во државава изнесува 3.449 од кои најголем број – 1.871 се во Скопје, а потоа следат Тетово со 324 случаи, Куманово со 164 случаи, Штип со 161 случај, Струга со 147 случаи…
На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 96 пациенти од кои на респираторна машина се четворица пациенти. Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти, две деца, а едно е суспектно на вирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 112 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19
Ново на Сител
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана