-->
-->
Крадци однеле пари и бела техника од куќа во битолско
-->

Непознат сторител вчера во периодот од 10:00 до 18:20 часот извршил грабеж во куќа во битолското село Ивањевци од каде одзел пари, пиштол и бела техника.
Како што информира МВР, грабежот бил направен во куќата на Т.Л. (63), а непознатиот сторител влегол внатре преку балконската врата која била отворена и одзел околу 27.000 денари, пиштол марка „ЦЗ М-88“ калибар 9 мм и дозвола за поседување на оружје, еден ДВД плеер и ресивер.
Извршен е увид на место на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Засилени акциските контроли во водите на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
-

Продолжуваат инвестициите во Охрид
