Крај на големото тениско ривалство: Ѓоковиќ го победи Надал во Ријад
Новак Ѓоковиќ во егзибициски меч во Ријад го совлада Рафаел Надал со резултат 2:0 (6:2, 7:6). Натпреварот беше од ревијален карактер, се играше за трето место, но и двајцата тенисери сериозно му пристапија на мечот.
Ѓоковиќ не сакаше ништо да препушти на случајноста, без разлика што се работи за егзибиција. Тој го отвори мечот со ран брејк. Надал играше бавно и грешеше, додека Новак погодуваше форхенди и сигурно ја држеше предноста.
Надал не успеа да дојде до брејк можности во првиот сет, додека Ѓоковиќ ја потврди предноста во седмиот гем и направи нов брејк. По 32 минути Ѓоковиќ го доби првиот сет.
Вториот дел од играта започна со размена на брејкови. Надал одигра многу подобро, трчаше по теренот и погоди неколку исклучителни удари.
Ѓоковиќ направи брејк на 4:4 и се чинеше дека ќе победи, сепак Надал го врати брејкот и се избори за тајбрејк. Шпанецот во тој гем спаси меч топка и доби шанса да се бори за третиот сет.
Сепак, Ѓоковиќ погоди во клучните моменти и го совлада Надал, 32-ри и последен пат во кариерата.
Ново на Сител
-
Израелската армија изврши најмалку осум воздушни напади врз Бејрут
-
Украина загрижена поради наводите дека Северна Кореја и со војници ќе ја поддржи Русија
-
АХВ: Потврден птичји грип кај угината гуска, убиени 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка кои биле во зоолошката
-
Силен земјотрес ја погоди Грција
-
Прилеп ќе ги награди пожарникарите со 900 000 денари за пожртвуваноста за справување со големиот пожар во Мариово
-
Мицкоски: До средината на ноември субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20 000 земјоделци
-
За небаждарен тахограф на автобус изречена глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице
-
Галетановски: Смртоносна бактерија “птичји грип” е најдена во Зоолошка