Кралицата Елизабета од денеска со најдолг „стаж“ на британскиот престол

Британската кралица Елизабета Втора денеска одбележува 63 години и седум месеци на престолот, што претстставува најдолг „стаж“ на еден монарх во историјата на Велика Британија.
Кралицата, која има 89 години, го надмина досегашниот рекорд што до денеска го држеше нејзнината чукунбаба, кралицата Викторија.
Според прецизните пресметки што се направени, попладнево во 17,30 часот по британско време, кралицата ќе биде 23.226 денови, 16 часови и 30 минути на престолот на Обединетото Кралство.
На престолот таа се наоѓа откако го наследи својот татко, кралот Џорџ Шести, кој почина на 6 февруари 1952 година.
По повод овој јубилеј, британскиот премиер Дејвид Камерон одржа претпладнево пригодна седница на Владата, а попладне ќе зборува и во Парламентот, одвајќи и признание на кралицата за нејзните години поминати на престолот и за сето она што таа го има направено за земјата.
Специјална флотила од бродови денеска ќе помине по реката Темза низ центарот на Лондон, од зградата на Парламентот, до мостот Тауер, кој ќе биде подигнат за да му се оддаде признане на воениот брод „Белфаст’, што постојано е вкотвен во реката во близнната на мостот.
Кралицата Елизабета денешниот „рекорден“ ден го поминува во Шкотска, каде ова време традиционално се наоѓа на одмор со сопругот принцот Филип (94) и членови од семејството во резиденацијата Балморал.
Бакингамската Палата за овој јубилеј издаде специјална фотографија на кралицата напавена во нејзниниот приватен работен кабинет.
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
