Кралот Чарлс Трети се врати во Лондон, каде се очекува да продолжи со лекувањето

Британскиот крал Чарлс Трети се врати во Лондон од кралската резиденција во Сандрингем, во областа Норфолк.
Во британската престолнина се очекува тој да продолжи со лекувањето против ракот што му беше дијагностициран на почетокот на овој месец, јави ДПА.
Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила патувале со хеликоптер од Сандрингем и по пристигнувањето во Лондон биле однесени до „Кларенс Хаус“, кралската резиденција во центарот на главниот град.
На патот кон „Кларенс Хаус“, монархот им мавтал на обожавателите од автомобилот.
Минатата недела беше објавено дека Кралот Чарлс Трети има рак, без да се прецизира за каква форма на рак се работи, а во текот на викендот тој во изјава ги пофали сите организации кои ги поддржуваат болните од рак.
Дијагнозата на кралот Чарлс Трети дојде откако монархот помина три ноќи во приватна болница во Лондон каде беше подложен на операција поради зголемена простата.
Ново на Сител
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
-

Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат
-

Сончево со умерена облачност
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
