Кратово достојно го одбележа празникот за заштитникот на градот - Св. Ѓорѓи Кратовски
Со свечен пречек на архиереите на Македонската Православна Црква и гостите од Бугарската Православна Црква во Кратово започна одбележувањето на патронот на градот, свети Ѓорѓи Кратовски.
Светата архиерејска литургија ја предводеа месниот митрополит кумановско-осоговски г. Григориј и митрополитот од Бугарија Јаков Доростолски, кој минатата година ги донесе моштите на светиот Ѓорѓи Кратоски во Кратово. Со нив сослужуваа и митрополитот тетовско-гостиварски Г. Јосиф, митрополитот кумановско-осогвоски Г. Јосиф, митрополитот брегалнички Г. Иларион, епископот Велички Никола и еписокопот Исак од Бугарија.
По завршувањето на литургијата, владиците, свештениците и верниот народ во заеднички литија во чест на свети Ѓорѓи Кратовски се упатија низ улиците на градот.
Градоналачникот на општина Кратово, Тодорче Николовски, кој положи цвеќе пред споменикот на Светиот Ѓорѓи, посочи дека градот Кратово достојно го одбележува празникот на својот заштитник.
На плоштадот Павел Шатев, се изврши и чинот на водоосветување и благослов на колачот. Прославата продолжи со културно уметничка програма.
-
Кирил Стојанов
Сите содржини од овој новинар