Кражба на струја во Кавадарци

Кражба на струја билa пријавенa во кавадаречката полиција во текот на вчерашниот ден, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Вчера во 10.40 часот во ОВР Кавадарци, од ЕВН Македонија било пријавено дека на улица „Клинска“ во градот била извршена кражба на електрична енергија. По излегување на лице место од страна на увидна екипа од ОВР Кавадарци и екипа на ЕВН, било констатирано дека од страна на НН лица со повеќе кабли директно од бетонски столб на самата мрежа, без мерен уред, биле поврзани неколку куќи. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, појаснија од СВР Велес.
Синоќа во 23.50 часот, во ОВР Кавадарци, П.Д.(18) од овој град пријавила дека во угостителски објект во градското подрачје, била физички нападната од М.Н. од село Сопот, кавадаречко. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Од СВР Велес соопштија дека на 10 ноември во 14 часот, по претходно издадена наредба од кавадаречкиот Основен суд, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци бил извршен претрес во викендица на Тиквешко езеро во сопственост на С.П.(45) од Кавадарци и во објект до викендицата што тој го користел. Притоа биле пронајдени и одземени малокалибарска пушка „Брно-мод2“ и оптички нишан „Гамо“, што ги поседувал без соодветна дозвола, по што С.П. бил лишен од слобода. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе била поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
-

Без напредок во реформите, бугарските европратеници порачуваат: „Македонија сама си става вето“
-

Муцунски: Кај европските лидери постои засилен интерес за поттикнување дијалог меѓу Скопје и Софија
-

Вучиќ ќе оди во Тиват и покрај безбедносните ризици - тензии на релација Подгорица-Белград
