-->
-->
Кражба во црквата „Св.Ѓорѓија Победоносец“ во тетовска Мала Речица
-->
Над 3.000 денари штета причиниле засега непознати сторители по тешката кражба што ја извршиле во црквата „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во тетовска Мала Речица, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, кражбата се случила меѓу сабота и недела така што непознатите најверојатно со клуч или со друг подесен предмет ја отвориле влезната врата од црквата и од касата поставена во близина на една од иконите, што насилно ја отвориле, одзеле околу 3.000 денари по што ја напуштиле црквата.
Јосифовски додаде дека по извршениот увид се преземаат мерки и активности за целосното расветлување на случајот и за откривање на сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена