-->
-->
Кражби во црквите „Св. Ѓорѓија“ и „Успение на Пресвета Богородица“
-->
Две кражби, една во црквата „Св. Ѓорѓија“ во Аеродром и уште една, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во атарот на село Горно Коњари, се пријавени вчера во полицијата.
Кражбите ги сториле засега непознати лица по кои се трага.
Од црквата „Св. Ѓорѓија“ се одземени 20.000 денари, додека од „Успение на Пресвета Богородица“ 7.000 денари.
Во првиот случај, разбојникот насилно влегол и од шкафче кое се користи како каса за собирање доброволни прилози, ги одзел парите по што избегал. И сторителот на вториот случај слично постапил.
Грабежот на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Аеродром го пријавил П.Б.(65) од Скопје вчера сабајле, додека кражбата на „Успение на Пресвета Богородица“ во Горно Коњари, Д.К.(69) село Петровец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада