Кремљ: Американските санкции кон Русија се незаконски и штетни
Продолжувањето на американските санкции кон Русија, Кремљ ги оцени како „незаконски и штетни“ во време кога односите помеѓу Москва и Вашингтон се на многу ниско ниво.
- Никогаш не сме биле иницијатори на таквите санкции. Ги сметаме за незаконски и штетни не само за народите на двете земји туку и за целиот свет, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
САД воведоа економски санкции кон Москва по руската анексија на црноморскиот полуостров Крим во 2014 година и подоцна поради судирите помеѓу украинските сили и руските бунтовници во источна Украина. Санкциите вчера се продолжени за една година по налог на американскиот претседател Доналд Трамп.
Таквата одлука е донесена еден ден по говорот на рускиот претседател Владимир Путин во Парламентот, при што тој ги презентираше новите воени достигнувања на земјата и „непобедливото“ оружје, што го поседува.
Иако Путин нагласи дека тоа оружје не претставува закана по никого, американските власти реагираа и ја обвинија Русија дека ги крши меѓународните обврски за вооружувањето.
Русија и САД имаат спротиставени ставови и за решавање на сириската криза.
Ново на Сител
-
Импровизирана кукла со ликот на Маск обесена на плоштад во Милано
-
Сараево повторно на врвот на листата на најзагадени градови во светот
-
Скопјанец ја пријавил за исчезната невенчаната сопруга
-
6 лица повредени во сообраќајка кај Дебарца
-
Седница на собранието
-
СДСМ: Владата да најде лекови за Онкологија
-
ДУИ: Граѓаните плаќаат за министрите на Вреди да се шетаат
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се извини за Груби