Кремљ не е информиран за укинувањето на санкциите кон Русија

Рускиот претседател Владимир Путин утре со американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговара за актуелната состојба во билатералните односи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој наведе дека малку веројатно е Путин и Трамп да дискутираат за целиот комплекс прашања што ги засегаат двете држави.
Утрешниот телефонски разговор ќе биде прв откако Трамп влезе во Белата куќа.
Претходно, руските медиуми јавија дека администрацијата на Трамп подготвува укинување на санкциите кон Русија.
- Извори соопштија дека администрацијата на Трам подготвува указ за укинување на санкциите кон Русија, напиша Фабрис Потје од аналитичкиот центар „Атлантик каунсил“ на Твитер.
Песков наведе дека не знае колку таквата анонимна информација одговара на реалноста.
- Не знам ништо за тоа, посочи Песков.
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
