Кремљ: Путин е задоволен по размената на затвореници со Украина
Рускиот претседател Владимир Путин и престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман изразија „задоволство“ по размената на затвореници со Украина, со посредство на Ријад.
Во синоќешниот телефонски разговор, двајцата лидери изразија „задоволство од трансферот на странски воени заробеници во Саудиска Арабија … што беше извршено со лично посредништво на принцот престолонаследник“, соопшти Кремљ.
Киев вчера соопшти дека вратил 215 украински и странски борци во размена со Москва, која вратила 55 руски затвореници, вклучувајќи го и поранешниот пратеник Виктор Медведчук, близок помошник на Путин обвинет за велепредавство во Украина.
Десет воени заробеници од повеќе земји, меѓу кои САД, Велика Британија и Хрватска, се префрлени од Русија во Саудиска Арабија во рамки на размената на затвореници Москва-Киев, соопшти вчера саудиското Министерство за надворешни работи.
Ново на Сител
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
